А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВИДЕО: Антикоруписката ненадлежна за непотизмот кај функционери на ВМРО-ДПМНЕ

by А1он03/05/2019 - 14:0203/05/2019 - 15:10246
Share0

Eклатантни примери на ургенции, влијанија, непотизам и специјално креирање на работни места при вработувањата на роднините на поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ во јавниот сектор констатира ДКСК. Иако речиси два часа антикорупционерите расправаа за вработувањата на роднините и судирот на интереси, ниту еден од случаите не доби епилог. Членовите на комисијата се прогласија за ненадлежни бидејќи станува збор за вработувања од пред повеќе од 10 години.

Добивај вести на вибер

Според образложението на анткорупционерите двајца братучеди на ексминистерот и актуелен пратеник Антонијо Милошоски, двете ќерки на поранешната претседателка на Уставниот суд Елена Гошева, како и сопругата на ексгенералниот секретар на Владата Кирил Божиновски, но и таткото на актуелниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, а поранешен директор на ЈСП Игор Јанушев, со врски се вработиле во државни институции.

Најатрактивни места за вработувања биле АЕК, ЕЛЕМ, но и Централниот регистар, Телеком, Водовод и ЦУК. Меѓу највпечатливите примери каде се забележуваат индиции за влијание при вработувањето, е за Бојана Гошева во АЕК. Станува збор за ќерката на судијката Гошева, која во 2009 се вработила во АЕК, а како што објаснија од ДКСК немало транспарентност во јавниот оглас и се криело објавувањето на работното место, но бидејќи се работи за стар случај од пред десет години антикорупциската комисија не може да постапува и предметот се затвора.

Слична ситуација ДКСК забележа и при вработувањето на таткото на Јанушев, Љубенчо Јанушев во Централниот регистар. Според документите до кои дошла комисијата, од 4 кандидати кои го положиле испитот за државни службеници, Агенцијата до Централниот регистар доставиле податоци за второрангираниот Јанушев и четврторангираниот. Од доставените документи ДКСК констатира и дека Јанушев немал целосна документација, а има индиции и дека не ги исполнувал условите. Но исто како и за претходните предмети ДКСК констатира дека нема надлежност да постапува затоа што случајот е од 2008.

Образложението на претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, е дека биле должни пред јавноста да ги испитаат овие случаи и да докажат дека системот на вработување генерира непотизам, а нивната улога е да предложи законски измени.

Галена Николовска-Ризвановиќ

dksk

Би можело да ве интересира

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Горан Наумовски19/02/2026 - 13:36

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски13/02/2026 - 13:4513/02/2026 - 15:04

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

Горан Наумовски13/02/2026 - 12:1213/02/2026 - 12:37

Левица: Ристовска врши тортура врз вработените во ДКСК

Горан Наумовски07/02/2026 - 12:2207/02/2026 - 12:23

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Горан Наумовски30/01/2026 - 11:42

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски – дали и овие докази се „изгубија“ во октоподските пипци?

Горан Наумовски27/01/2026 - 19:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен