Антикорупциската не се откажува од предметите за Мицкоски независно што ги продал уделите

Од:

Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за „Макфакс“, рече дека ги продал уделите од седум проценти во компанијата што поседува хидроцентрали, од Државната комисија за спречување на корупцијата за „А1он“ потврдија дека постапките и покрај продажбата ќе продожат.

„Предметите се доработуваат. Се гледа каква била постапката тогаш“, велат од ДКСК. Од Комисијата не прецезираа кога очекуваат да заврши постапувањето по предметите. Мицкоски сè уште не бил повикан во антикорупциската, но очекуваат и тоа да се случи.

Антикорупционерите во мај годинава отворија два предмети поврзани со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за да испитаат како тој се стекнал со земјиште од 33.000 квадратни метри и како добил концеција за изградба на хидроцентрали додека бил директор на ЕЛЕМ и советник на поранешниот премиер, Никола Груевски.

Предметите во ДКСК беа отворени по допрен глас.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Мицкоски се сретна со Пленковиќ – регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

А1он

Мицкоски на конгрес на Европската народна партија

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат