Антикорупциска утврди дека во „Шпанско село” нема судир на интереси

Од:

Комисијата за спречување на корупција, на денешната 50 седница утврди дека во предметот „Шпанско село” против Илир Хасани, Горан Филипов и родителите на сопругата на атуелниот министер за здравство Венко Филипче, поднецен од ВМРО-ДПНМЕ, не постои судир на интереси.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, при реферирање на овој предмет истакна овој случај го поделиле на две дела (финански дел и дел за имотот). Во однос на првиот таа изјави дека утврдиле дека не постојат наводи, односно дека има конкурентност и дека имало електронска аукција.

Во однос на парцелите претседателката Ивановска наведе дека од историскиот преглед добиен од Агенцијата за катастар и Општина Карпош, е утврдено дека имотите се купени уште од 2014 година,

– Не е нешто ново што се случува. Исто така и од инспекцискиот надзор извршен од Општина Карпош е утврдено дека објектите се градат според одобрение за градење издадено во јули 2017 година, т.е пред локалните избори. Дека конструкцијата е изградена согласно одобрената техничката документација. Од тие прични не гледам дека постои некаков судир на интереси како што беше наведено во пријавата. Станува збор за приватни лица, а не за службени лица во време кога се купувало земјиштето. Се уредно пријавено во анкетните листови и предлагам целата постапака за запре и предметот да се затвори, рече Ивановска.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во својата пријава до Антикорупциска обвини дека семејството на сопругата на министерот Филипче, Савевски и Горан Филипов од „Синерџи“ се сопственици и сосоптвеници на 13.506 м2 во месноста Рупе под Нерези, од кои Савевски се сопственици на 6.164 m2, имот купуван од 2012 година до 2019 година. Освен со газдата добитник на тендери од Министерството за здравство, ВМРО-ДПМНЕ, обвинува дека смејството на Филипче било коспоственик и со директорот на Ургентен центар, Илир Хасани на друга парцела во Нерези.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за разрешувањето на Димитровска: Имам чувство дека има поединци кои се обидуваат политиката кај нас да ја направат естрада

Горан Наумовски

Претседателката на ДКСК не доаѓа на работа, парламентарците молчат за нејзино разрешување

Горан Наумовски

Ревизор и го положил испитот за пристап до службени тајни кои потоа му ги кажувала на обвинетиот во „Адитив“, обвинение за Димитровска

Катерина Ѓуровски

Антикорупционерите бараат од Владата да се почитува кодексот при користење на службени возила

ДКСК: Работиме според законските надлежности, борбата против корупцијата останува непроменета

Горан Наумовски

Андоновски: Ова фрла дамка на ДКСК, но се надевам дека останатите членови успешно ќе продолжат да работат