Антикорупциска ќе го проверува вработувањето на сопругата на Веле Самак

Од:

По денешните обвинувања од страна на СДСМ дека Антикорупциската комисија, како и секогаш кога се работи за власта молчи, тие излегоа со соопштение до јавноста:

-Во врска со денешната пресконференција одржана од страна на СДСМ за случајот со вработувањето на сопругата на министерот Веле Самак, сакаме да ја известиме јавноста дека Државната комисија за спречување на корупцијата веќе постапува по истиот, односно на седница одржана на 25.09.2014 (четврток) согласно нејзините законски надлежности самоиницијативно, а врз основа на информациите изнесени во медиумите донесе заклучок да се отвори предмет и да се проверат наводите по истиот, се вели во соопштението на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Рокас: Конечно сериозен пристап во справувањето со корупцијата

Левица: Бараме казни за корупцијата, а не прикриени амнестии за функционерите

Захарова: Европски претставници беа дел од корупциските шеми во Украина

Горан Наумовски

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи