Антикорупциска ќе достави предмет до ОЈО против екс градоначалникот Коневски за бесправно добивање деловен простор

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска на 100. седница донесе одлука да достави предмет до Основното јавно обвинителство, како и до Финансиска полиција, против поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, за искористување на градоначалничката функција и да го смени деталниот урбанистички план кај Мајчин дом и на местото каде било впишано зеленило, да се впише 9-катница.

Од Антикорупциска го сомничат Коневски дека за лична корист – добивање на деловен простор од 312 метри квадратни, ја искористил функцијата градоначалник и место зеленило, нацртал зграда.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска рече Обвинителството и Финансовата полиција да испитаат како го стекнал тој деловен простор и откај му се средствата за да се стекне со тој деловен простор.

– Овој предмет е оформен по сопствена иницијатива, по допрен глас, за изградба на зграда кај Мајчин дом. Во време на владеењето на градоначалникот Ивица Коневски, бил сменет Деталниот урбанистички план на начин што се избришало зеленилото, а се впишала маркица за 9-катна зграда. Подоцна Коневски станал сопственик на простор од 312 метри квадратни, кој договор го склучил со сопственикот „ЗПС Комерц“. Навел дека ќе го исплател преку договорен закуп со фирмата „Тинекс“ на 12 години и со „Авицена“ како закупец, за периодот од 2022 до 2027 година, рече Ивановска на последната седница на Комисијата.

Би можело да ве интересира

Актуелниот генерален секретар Адем Чучуљ предложен за претседател на Антикорупциска комисија

Катерина Ѓуровски

Изборот на претседател на ДКСК на Комисијата за прашања на изборите и именувањата

10 кандидати за претседател на Антикорупциска во следните два дена на интервјуа во Собранието

Антикорупциска препорача измени во Изборниот законик за рамноправен пристап до парите за рекламирање во кампања

Катерина Ѓуровски

Само 35 отсто од учесниците на локалните избори поднеле финансиски извештаи на 11-от ден од кампањата

Повеќе од половина од институциите не доставија податоци за службени возила пред локалните избори 2025