ДКСК како институција, при разгледување на секој предмет, ги утврдува фактите преку информации кои ги прибавуваме од други надлежни институции и при носењето на одлуките постапуваме исклучиво во рамките на нашите законски надлежности, се вели во новата реакција од антикорупциска откако во јавноста излегоа информации дека челенката на комисијата Цвета Ристевска која реферираше за случајот на директорот на АНБ, Бојан Христовски предава на истиот Универзитет од каде што тој има диплома која е оспорена во пријавите.
– Што се однесува до членот на ДКСК Цвета Ристовска, сакаме да укажеме дека нејзината соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје била на ниво на гостин предавач и никогаш за финансиски надомест или друг тип договорна соработка. Оттаму, сметаме дека не постои никаков судир на интерес бидејќи нема никаква поврзност со наведниот универзитет. Во однос на предметот за директорот на АНБ, што се однесува на оспорената факултетска диплома, надлежна иснтитуција која ги утврдува фактите е Државниот просветен инспекторат врз основа на чиј записник од спроведен инспекциски надзор е донесена одлуката на ДКСК. Во однос на овој случај, сакаме да укажеме дека ДКСК нема надлежност да презема истражни дејствија во однос на веродостојноста на сертификатот за познавање на странски јазик и тоа прашање е во надлежност на истражните органи, се вели во соопштението од Антикорупциска.
Ристевска фигурира меѓу наставниот кадар на Универзитетот. Синоќа нејзината фотграфија беше тргната, а денеска повторно е вратена на официјалниот сајт.
Од СДСМ побараа, ДКСК да ја повлече одлуката за Христовски.