ВИДЕО: Антикорупционерите ќе испитуваат како се доделуваат државните награди

Од:

Антикорупциската комисија ќе испитува на кој начин се доделува државната награда „Климент Охридски“.

Членовите на ДКСК, на предлог на заменик претседателот на комисијата, Нури Бајрами, едногласно одлучија да бараат одговори од министерството за култура за критериумите и комисијата која ги доделува наградите, поради недоволна транспарентност.

Одлуката следува по пријава од универзитетска професорка која реагира што наградата се злоупотребува и наместо Владата да ја доделува на наставници и професори ја добиваат функционери, декани и ректори на универзитети.

Иако нема конкретни наводи за корупција во пријавата, ДКСК ја оцени како оправдана потребата од поголема транспарентност во доделувањето на наградата вредна 4 илјади евра.

Галена Николовска Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

13 кандидати за претседател на ДКСК

ДКСК ќе поднесе иницијатива за утврдување одговорност во АД Електрани

Ристовска порача: ДКСК останува посветена на своите законски обврски

Билјана Ивановска, кандидат на „Независни заедно“ за Центар заработи кривична пријава

Од денес Цвета Ристовска е нов заменик претседател на ДКСК

Десетина кандидатури се пристигнати до Собранието за јавниот оглас за претседател на ДКСК