Антидискриминаторска комисија: Црвенковски ги диксриминирал жените

Од:

„Дискриминаторска е изјавата на Бранко Црвенковски на митингот во Неготино, во која тој вели дека овој град некогаш еден од најубавите и најсредените во Македонија, денес наликува на една голема куќа, на еден голем дом на кој што му е потребно и генерално чистење и генерално средување, а за тоа е најдобра женска рака“, смета Комисијата на заштита од дискриминација. Според Комисијата , ова е дискриминаторско однесување врз две основи – пол и род. Ова претставува и поттикнување на дискриминација, но и потежок облик на дискриминација – повеќекратна дискриминација.

Комисијата укажува дека во современото општество не постои поделба на работните, домашните, но и на сите обврски, воопшто, врз основа на полот. Напротив, стои во соопштението, овој вид на поделба претставува нееднаков и неповолен третман на, во овој случај, група луѓе и нема место во современите демократии.

„Имајќи предвид дека предизборните активности за локалните избори 2013 година се веќе отпочнати, првенствено сакаме да им укажеме на политичните партии, но и на другите учесници во предизборниот и изборниот процес, да обратат внимание на дискурсот со кој се обраќаат на јавноста, со цел избегнување на потенцијални дискриминаторски однесувања“, велат во соопштението од Комисијата.

Комисијата за заштита од дискриминација апелира до сите учесници во предизборниот процес да се воздржат од било какви дискриминаторски однесувања и изјави, затоа што еднаквоста, почитта и недискриминацијата се темели на секое демократско општество.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Росица му испраќала пораки за помош на Тошковски, а тој ја игнорирал?

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено