Анкета: Противуслугите и подароците нови форми на корупција

Од:

Граѓаните знаат дека корупцијата е криминал, но една третина би го направиле тоа доколку се принудени да добијат одредени услуги. Наместо митото, како форми кои сега повеќе се преферираат се противуслугите и подароците. Овие форми на корупција младите меѓу 18 и 29 години ги прифаќаат како нормален начин до доаѓање на одредена услуга.

Ова се дел од резултатите од телефонското истражување на јавното мислење спроведено меѓу 1.080 испитаници во декември минатата година во рамки на Твининг проектот – Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата, што го реализира Државната комисија за спречување на корупцијата во соработка со германската Сојузна служба за администрација.

– Најголемиот број од испитаници вклучени во истражувањето сметаат дека корупцијата е криминал. Меѓутоа, една третина од нив и покрај тоа што се свесни дека тоа е криминал, се подготвени да влезат во таков криминал за да добијат некаква услуга на која имаат право, а тоа е, пред се, услуга во областа на здравството, вработувањето и за да не платат некаква казна, изјави Мирјана Димовска, член на ДКСК.

Овие податоци се најизразени кај возрасната група од 18 до 49 години, што според Димовска значи дека најактивното население е опфатено со оваа тенденција.

Над 60 отсто од граѓаните имаат перцепција дека корупцијата во земјата е раширена. Најмногу од испитаниците сметаат дека корупцијата како посебна штетна општествена појава треба да се пријавува во полицијата.

– За нас сите е многу важно што полицијата е прва означена од граѓаните каде што треба да се пријави криминал, но во градирањето кои институции ги таргетираат и самите граѓани како најподложни на корупција е полицијата, што мора да биде предмет на наше натамошно истражување. На прво место е здравството (57,2%), судството е на второ место (42,4%), образованието на трето (27,5%), полицијата на четврто место (26,5)…, посочи Димовска. Според неа, постои потреба институционално да се внесе нова енергија во елиминирање на факторите за корупција.

Истражувањето покажало и дека доколку еднаш се случи оваа појава таа продолжува, посочува членот на ДКСК, се воспоставуваат канали каде може на тој начин да се издејствуваат работите.

Димовска вели дека како еден вид понова форма на корупција се јавуваат противуслугата и подароците. – Излегува дека митото е детектирано, па се избегнува колку што се може, но овие други форми ни виреат, вели таа.

Проценка, според неа, е дека е висок процентот на помирливост на испитаниците особено на возраст од 18 до 29 години и на студентската популација кои противуслугите ги прифаќаат како нормален начин на доаѓање до услуги.

– Тоа значи дека се создава една навика, која мора да се искоренува. Тоа е сигнал за сите институции да придонесат за јакнење на јавната свест за препознавање на работите како штетни. Особено е важно што се работи за популација која веќе утре ќе ги преземе работите во земјава, вели Димовска.

Она што исто така е значајно, според неа, а произлегува од ова истражување, е фактот дека граѓаните премногу очекуваат од кривично правниот третман на корупцијата. Во однос на поднесување кривична одговорност, граѓаните повеќе одговорност гледаат кај службеното лице.

Ова е една од трите анкети што ќе бидат направени во рамки на проектот. Ќе следува медиумска кампања за јакнење на свесноста кај граѓаните.

Проектот има повеќе компоненти и ќе се спроведува до средината на 2016 година.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

ДУИ бара меѓународен ветинг за високата корупција

Вицепремиерот за добро владеење за борбата против корупцијата зборуваше на албански и англиски, на македонски не можел да се изрази

Катерина Ѓуровски

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски