„Анима Мунди“ со обвинување до градоначалникот Фатмир Дехари за 40 убиени кучиња во Кичево

Од:

Во еден од најмасовните насилства врз животни во поновата историја на Македонија, во Кичево за само еден ден беа убиени повеќе од 40 бездомни кучиња.

Инцидентот предизвика гнев кај граѓаните и активистите, а Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ излезе со жестока реакција, прозивајќи го градоначалникот Фатмир Дехари и општинските власти за нивниот молк.

„Два дена не реагиравме. Сакавме да видиме дали некаде ќе се чуе барем збор – од градоначалникот Фатмир Дехари, од општината… Два дена – ништо. Молк. Како да е нормално да живееш во град опколен со отров и оружје“, се вели во соопштението на „Анима Мунди“. Активистите предупредуваат дека ова не е случајност, туку организиран масакр. „Такво нешто може да направи само масовен убиец, психопат или институција што организира ликвидација – никој не тепа цел град животни сам“.

Тие го прашуваат Дехари дали е свесен дека низ градот се користат „екстремно разорни отрови“ кои можат да усмртат и дете за пет минути, и како е можно некој вооружен да шета и да стрела низ градот.

„Анима Мунди“ јавно прашува како е можно јавното претпријатие „Кичевски Комуналец“ за само половина час да ги собере сите 40 трупови и да ги фрли, и тоа без да биде повикана полиција, без да се изврши увид и без истрага, иако на дел од телата имало јасни траги од огнено оружје.

„И каде се телата сега, зошто ги нема на депонија?“, прашуваат од здружението, со што отвораат сериозен сомнеж за обид за прикривање на докази од страна на самите институции.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, да биде симбол на соживот, а не на поделби

Јовановски: Сите оние коишто се уште се двоумат, нека размислат уште еднаш

А1он

(ВИДЕО) Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух

18-годишно момче со автомобил усмрти пензионер, па избега од местото на нсреќата

Фатмир Дехари ќе се бори за уште еден градоначалнички мандат во Кичево

Горан Наумовски

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски