Анѓушев: Да ја градиме Македонија како граѓанска држава еднаква за сите

Од:

Во државотворната историја и континуитет на еден народ, декларациите, документите, усвоените одлуки и резолуции, се важен момент. Но, она што е уште поважно се визионерските принципи, идеали и идеи врз основа на кои државотворноста се претвора во жива приказна, во код со кој ќе се идентификуваат сите граѓани со државата што се создава како заедничка за сите, порача денеска од Пелинце вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

dobivaj vesti na viber

Во обраќањето по повод Илинден, Анѓушев апелира да ја градиме Македонија како граѓанска држава, слободна татковина на сите граѓани и на сите етнички заедници.

– Денеска, кога со сета почит и достојно се сеќаваме на државотворните настани на двата Илиндена во 1903 и во 1944, од перспективата на оваа 2017 година, неминовно е да се соочиме со фактот дека треба да ја прифатиме државотворната агенда на концептот за Македонија која не повикува, потенцира вицепремиерот.

Според него, се менуваат и треба да се менуваат владејачките гарнитури во една демократска земја. Но, она што треба и мора да биде заедничко за сите, е чесната намера и посветената работа за доброто на сите граѓани.

– Со игнорирање не може да се реши ниту еден проблем. Граѓаните на Република Македонија ги утврдија и се определија за сопствените стратешки цели – членството во НАТО и Европската Унија, соодветно на современите прифатливи безбедносни и економски концепти. Бевме предолго надвор од тие текови. Дел од причините беа објективни, но дел од проблемите се генерираа и од внатре. Се доведовме во ситуација кога можеме да кажеме дека веќе воопшто немаме време за чекање. Изминатите години што се непосредно зад нас, не можеме да ги вратиме, ама затоа времето пред нас мораме умно, храбро и посветено да го искористиме, нагласи заменик-претседателот на Владата.

Тој уште еднаш ги пренесе, како што рече, јасните, прецизни пораки и поддршката од стратегиските и искрени пријатели од Европската унија искажани на неодамншениот Самит во Трст, дека Македонија, граѓаните на Македонија, новата Влада, Собранието и целото општество, има огромна поддршка за спроведување на суштинските реформи и за определбата за интеграција во ЕУ.

– Нашите пријатели сметаат дека Македонија е конечно на вистинскиот правец и порачуваат да се обединиме за исполнување на заедничкиот интерес за остварување добри перспективи за нашите граѓани, истакна вицепремиерот.

Во овој контекст додаде дека отсекогаш, пријателството со други земји, пред се со соседните, е од непроценливо значење.

– Мораме да ги подобруваме односите со пријателите. Не смеат да постојат недоречености или отворени прашања. Преземениот исчекор во односите со сите наши соседи е во согласност со декларираниот принцип на Владата дека мора да се издигнеме нaд статус-кво ситуациите кои не даваат можност за надминување на разликите. Отвораме нова перспективa која укажува дека пречките денес не се ништo спoреденo сo придoбивките oд иднинaтa, подвлече Анѓушев.

Тоа се, додаде, принципи на лидерски особености: да се гледa на пречките кaкo на предизвици кoи требa дa се решaвaaт, a не дa се oдлaгaaт, да се биде мудар и да се оствари блескава иднина за граѓаните, да се отвори простор за подобра иднина на добрососедските односи со граѓаните на сите држави околу нас.

Во обраќањето, Анѓушев се осврна и на пораката од Крушевскиот манифест: „Да ја чествуваме Македонија – без разлика на вера, етничка припадност, пол и убедувања. Бидејќи од дедо – прадедо си живееме како браќа и сестри на оваа земја! За право, за слобода и за човечки живот“. Оваа визија, за таква Македонија, рече, провејува и во Манифестот од АСНОМ, истите принципи, 41 година по славната епопеја на Крушевската Република, како темелни вредности, се вградени и во Манифестот на АСНОМ кој вели: „Тешкото минато ни покажа оти интересите на нашите народи се исти, а нивната судба заедничка. Во овие решителни моменти сите ние ја градиме слободна Македонија. Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме“, потсети випцермиерот.

– Денеска е легитимно прашањето кој е нашиот сон. Денеска нашиот сон е да направиме фунцкионална држава, држава што ќе биде по урнек на сите демократски и развиени општества во светот. Мора да направиме држава во која ќе владее правото. Нема да биде тоа држава во која главните виновници и криминалци ќе бидат избегани, а луѓето ќе лежат во затвор за ситни прекршоци. Тоа мора да биде држава со економски просперитет за сите граѓани и во која нема да се делиме, порача заменик-претседателот на Владата Коќо Анѓушев од Пелинце.

Би можело да ве интересира

2.Aвгуст е неработен ден за сите граѓани на Македонија

Се одбележуваат 118 години од Крушевската република и 77 години од Првото заседание на АСНОМ

Кочо Анѓушев ќе го продава велешки Борец на берза за 25.000 евра

Жарко Настоски

САД го честитаа празникот Илинден

Ана Ололовска

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири

Ана Ололовска

„Победа за сите“ – заеднички лајтмотив на чествувањата во Крушево, Пелинце и Скопје

Ана Ололовска