А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ангеловска-Бежоска: Денарот е и ќе остане стабилен, депозитите сигурни

by А1он19/03/2020 - 19:16334
Share0

Девизниот курс на денарот останува стабилен и нема да има промени во неговото ниво, изјави во интервју за МИА, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, по одржувањето на седницата на Комитетот за финансиска стабилност.

Добивај вести на вибер

Таа додаде дека централната банка располага со низа инструменти со кои ја гарантира стабилноста на денарот, а вчера, на прес-конференцијата за економските мерки, напомена дека девизните резерви што се клучни за курсот на домашната валута се одржуваат на високо ниво, што е двојно повисоко од нивото пред глобалната економска криза во 2008 година.

– Заштедите на граѓаните во банките и штедилниците се сигурни и безбедни. Депозитите и сите други услуги што ги нудат овие финансиски институции, и натаму се достапни како и досега, вели гувернерката.

Претходно, по одржувањето на седницата на Комитетот за финансиска стабилност, Народната банка и Министерството за финансии, заеднички соопштија дека банкарскиот систем е отпорен на потенцијалните шокови што е и гаранција за одржувањето на финансиската стабилност во земјата.

Во текот на денот се огласија и од Македонската банкарска асоцијација со потврда дека услугите на нивните членки – банките и штедилниците, за клиентите се достапни и по прогласувањето вонредна состојба.

nbrm

Би можело да ве интересира

Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка

А1он08/04/2026 - 16:17

„Стандард и Пур“: Банкарскиот сектор е стабилен, а инфлацијата на среден рок ќе се врати на историскиот просек

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 12:40

Банкарскиот сектор целосно вклучен во шемата за кредитни трансфери на СЕПА

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 09:37

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 11:17

Од 1 март побезбедни онлајн-плаќања

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 11:02

Девизните резерви во јануари зголемени за 675,3 милиони евра

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 09:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто