Ангелова: Буџетот за 2025 е за подобра иднина и перспектива за нашите поколенија

Од:

Буџетот за 2025 година, не е само документ со финансиски план, туку одраз на силната одлучност на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за подобра иднина и перспектива за нашите поколенија. Оваа година ставаме посебен акцент на образованието – темелот на секое силно и напредно општество, изјави Емилија Ангелова пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

– Буџетот за образование е зголемен за 3 милијарди денари, со што докажуваме дека вложувањето во нашите деца, во нивниот квалитетен раст и развој, е врвен приоритет. Образованието не е трошок. Тоа е најдобрата инвестиција во иднината на нашата држава. Во 2025 година, сите наставници, од основното, средното и високото образование ќе земаат повисоки плати. Ова е заслужена награда за нивната посветеност и неуморна работа во образовниот процес. Веруваме дека повисоките плати ќе бидат мотив за уште поголема посветеност и квалитет во наставата.

Годинава, министерството за образование и наука има еден од највисоките буџети за капитални инвестиции, кој е зголемен за дури 115 милиони денари во однос на 2024 година. Овие средства ќе бидат насочени кон изградба и обнова на училишта, модернизација на образовната инфраструктура и обезбедување подобри услови за нашите ученици и наставници. Дополнително, за првпат воведуваме нова потпрограма за капитални образовни инфраструктурни проекти во општините, со вкупна вредност од 133 милиони денари. Ова значи изградба на нови училишта, сали, лаборатории и други објекти кои директно ќе ги подобрат условите во кои учат и се развиваат нашите деца. Нашата цел е јасна – да создадеме современ образовен систем кој ќе ги инспирира младите генерации и ќе им овозможи да ги остварат своите потенцијали. Зголемувањето на буџетот за образование, повисоките плати за наставниците и инвестициите во капиталните проекти не се само бројки. Тие се израз на нашата решителност и посветеност да го направиме образованието двигател на промените и клучен фактор за развојот на Македонија – рече Ангелова.

Би можело да ве интересира

Предлог – буџетот за 2026 година на пленарна седница на 9 декември

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Предлог-буџетот за 2026 година е признание за економската неспособност на Владата

Катерина Ѓуровски

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 отсто, инфлација 2,5 отсто

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ удри по земјоделците, над 30 милиони евра помалку пари за земјоделието

Усвоен Ребалансот на Буџетот за 2025 – Димитриеска-Кочоска: Секоја ставка во ребалансот има цел

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Битиќи: Неразвоен Буџет за предизборен поткуп, власта без слух за реалните потреби на граѓаните