Ангелов: Во моментов најсериозен е пожарот во дојранско Николиќ

Од:

Во моментов најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција. Тоа е пожар кој гори неколку дена. Рано утрово испративме еден армиски хеликоптер, кој прецизно дејствуваше по линијата на пожарот, но, поради ветрот кој постојано го менува својот правец овој пожар беше многу тешко да се стави под контрола, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Според него, бидејќи е раширен на поголема територија, претставува опасност да ги зафати и околните шуми.

-Во соработка со колегите од грчка страна кои понудија поддршка од два канадери го активиравме Европскиот механизам за цивилна заштита за употреба на овие канадери кои треба да дејствуваат. По потреба на располагање имаме еден полициски и еден армиски хеликоптер, како и два ЕР трактори на ДЗС, затоа што вториот пред малку слета во Скопје, рече Ангелов.

Информира дека пред малку избил нов пожар на територија на Крива Паланка во близина на местото каде беснееше пожарот пред неколку дена.

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, како што информира Ангелов, регистрирани се повеќе од 40 пожари на отворен простор.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Најтешкиот пожар е оној во Јасен, но пред малку изгубивме контрола и на еден крак од пожарот во Јегуновце

(ВИДЕО) Нешковска: Статистика објави алармантни бројки, инфлацијата на годишно ниво изнесува 4,8 отсто

Горан Наумовски

Ангелов: Состојбата со пожарот на планината Готен е смирена од беровска страна

Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 22.5 отсто

Повеќе од 20 пожари на отворен простор, кај Готен се дејствува со „пинц гауери“ и ер трактори

Ангелов: Бројот на пожари висок, третиот „ер трактор“ во фукција на почетокот на август