Ангелов: Скандирањето „УЧК” ја разгорува меѓуетничката омраза

Од:

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов денеска на својот фејсбук профил силно го осуди скандирањето „УЧК” на вчерашниот протест за случајот „Монструм“.

Според Ангелов, скандирањето од ваков тип ја разгорува меѓуетничката омраза и не оди во прилог на процесот на помирување.

-СИЛНА ОСУДА. Скандирањето „УЧК, УЧК…” за време на кој било протест или друг јавен настан, без разлика колкава е бројноста на групата која скандира, ја разгорува меѓуетничката омраза и не оди во прилог на процесот на помирување за кој толку многу зборуваме и се залагаме, поради што треба да биде цел на силна општествена осуда од сите значајни општествени фактори. Уште повеќе иритира фактот дека вакво скандирање се случи на протест за случајот „Монструм” во кој се води судска постапка за сурово убиство на 5 недолжни лица, напиша Ангелов.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Имаме шест исклучително тешки за гаснење пожари, а најтежок е пожарот на планината Готен

Горан Наумовски

Ангелов: Дејствуваат два „Ер трактори“, пожарот во Дојран до крајот на денот ќе биде под контрола

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов: Пожарот над селото Николич близу Дојран се шири кон Општина Валандово

Горан Наумовски

12 пожари низ Македонија, четири се активни, еден е локализиран, а седум се изгаснати

Горан Наумовски

Ангелов: Денеска 12 пожари на отворено од кои четири се целосно изгаснати

(ВИДЕО) Голем пожар помеѓу Свети Николе и Пробиштип

Горан Наумовски