Генерал Стојанче Ангелов реагира на изборот на нови питомци на Воената академија.
Еве што напиша Ангелов, објавен на својот ФБ профил:
Денес, на Воената aкадемија во Скопје, во присуство на министерот Талат Џафери (алиас командант Форина од УЧК) новопримените питомци дадоа свечена заклетва.
Заклетва даде Алили Бујар, рангиран на 109 место од вкупно 125 кандидати, со освоени 63 бода.
Заклетва не даде Јован Илиев рангиран на 11 место со освоени 93 бода.
Заклетва даде и Халим Илир, рангиран на 108 место со 63 бода.
Заклетва не даде Кристијан Спасески рангиран на 12 место со 93 бода.
Заклетва даде и Рамадани Премтим, рангиран на 106 место со 64 бода.
Заклетва не даде Виктор Николовски рангиран на 13 место со 92 бода.
На кој јазик даваа заклетва питомците Албанци од кои повеќето воопшто не го ни зборуваат македонскиот јазик???
Заклетва даде и Стефан Иванов рангиран на 67 место со 77 бода а заклетва не даде Манасиевски Антонио рангиран на 14 место со 92 бода.