Ангелов: Не размислувам за оставка, јас треба да бидам награден оти го спасив Кочани

Од:

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов не размислува да поднесе оставка по вчерашниот пожар кој пеплоса делови од Кочани и шумата над градот. Жителите на Кочани со часови панично бараа помош додека се обидуваа со кофи да го изгаснат огнот кој се прошири до куќите, а неколку и беа зафатени. Сега бараат оставка од Ангелов.

„Јас мислам дека треба да бидам награден, а не да поднесам оставка. Успеав да го спасам Кочани“, изјави директорот Ангелов за „А1он“ во пресрет на прес – конференцијата на која најави дека ќе ги соопшти сите детали околу пожарот во Кочани и справувањето со него.

Утрово кочанчани ги сумираат штетите од пожарот. Има изгорени куќи, изгорени автомобили кои биле паркирани на улиците од каде се ширел пожарот, голем дел од шумата, а веќе се споделуваат  фотографии од изгорени животни во шумата над градот.

Деветмина жители на Кочани вчера побараа помош оти вдишале чад од пожарот. Министерството за здравство соопшти дека се чувствуваат добро и сите се пуштени на домашно лекување.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Најтешкиот пожар е оној во Јасен, но пред малку изгубивме контрола и на еден крак од пожарот во Јегуновце

Ангелов: Состојбата со пожарот на планината Готен е смирена од беровска страна

Повеќе од 20 пожари на отворен простор, кај Готен се дејствува со „пинц гауери“ и ер трактори

Ангелов: Бројот на пожари висок, третиот „ер трактор“ во фукција на почетокот на август

Ангелов: Откриен обид за предизвикување пожар на Осоговските Планини

Ангелов: Пожар делумно го зафати покривот на црквата кај село Мршевци

А1он