Ангелов: Министерот за одбрана да го повлече барањето за 20 илјади евра од Димче Манов

Од:

Стојанче Ангелов преку неговиот Фејсбук профил објави дека добиле одговор од канцеларијата на техничкиот министер за одбрана Зоран Јолевски и дека претставници од министерството утре ќе остварат средба со бранителот Димче Манчов од Кочани, од кого државата бара да врати 20.000 евра.

„Кабинетот на техничкиот министер за одбрана Зоран Јолевски одговори позитивно на нашето вчерашно барање за средба со поранешниот професионален војник Димче (учесник во една од најпотресните заседи во 2001-та во која двајца припадници на АРМ загинаа а еден тешко ранет војник беше заробен).

Во текот на утрешниот ден Димче ќе се сретне со шефот на кабинетот на Министерот. Се надеваме дека средбата ќе биде конструктивно и дека техничкиот Министер во заминување Јолевски веднаш ќе го повлече барањето доставено до извршител Димче да ја врати земената отштета од 7.000 евра која заедно со камата сега изнесува 20.000 евра поради што неговата сметка веќе е целосно блокирана“ напиша Стојанче Ангелов.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Имаме шест исклучително тешки за гаснење пожари, а најтежок е пожарот на планината Готен

Горан Наумовски

Ангелов: Дејствуваат два „Ер трактори“, пожарот во Дојран до крајот на денот ќе биде под контрола

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов: Пожарот над селото Николич близу Дојран се шири кон Општина Валандово

Горан Наумовски

12 пожари низ Македонија, четири се активни, еден е локализиран, а седум се изгаснати

Горан Наумовски

Ангелов: Денеска 12 пожари на отворено од кои четири се целосно изгаснати

(ВИДЕО) Голем пожар помеѓу Свети Николе и Пробиштип

Горан Наумовски