Ангелов: Категорично „НЕ“ за двојазични (тројазични) униформи

Од:

„Од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година полициските униформи се двојазични, напишани на кирилица на македонски јазик (полиција) и на латиница на англиски јазик (police). Не верувам дека во Македонија, дури и во најзафрлените планински села, постои човек кој не умее да го прочита и разбере зборот ПОЛИЦИЈА или зборот POLICE, реагира Стојанче Ангелов на својот фејсбук профил.

Со предлог законот за јазици се предвидува униформата на македонската полиција да стане тројазична односно, покрај на македонски и англиски, истата да биде напишана и на албански јазик.
Од професионален полициски аспект исто како и од аспект на реалните потреби на македонските граѓани, не постои ниту една единствена, практична но воедно и чесна причина кон Република Македонија, која го оправдува користењето на албанскиот јазик на униформите на македонската полиција. Причините поради кои албанскиот политички фактор инсистира а дел и уценува за користење на албанскиот јазик на униформите на македонската полиција се од сосема поинаква природа.

Затоа, уште еднаш, категорично „НЕ“ за употреба на албанскиот јазик на униформата на македонската полиција“, напиша Стојанче Ангелов од Достоинство.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Имаме индиции дека пожарот кај Батинци е намерно подметнат

Ангелов: Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, целата опожарена површна е затрупана со песок и земја

Од „Дрисла“ демантираат дека повторно имало горење: Обид за дефокус од скандалот во Трубарево

Избувнувањето на повеќе пожари во истовреме не е случајност, вели Ангелов

Вардариште го чува приватна агенција, Дрисла чади, дејствува ер трактор

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Најтешкиот пожар е оној во Јасен, но пред малку изгубивме контрола и на еден крак од пожарот во Јегуновце