(ВИДЕО) Ангелов: Груевски да му нареди на јавниот обвинител да покрене постапка за Дехари

Од:

Никола Груевски, лажниот патриот и политички плачко, го немаше кога улиците во Македонија и Скопје беа поплавени од албански знамиња, молчеше кога во државава дојде Рамуш Харадинај.

Секогаш него го нема кога се случува нешто од голема важност, изјави лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, на вечерашниот митинг на здружената опозиција во скопската населба Аеродром.

Премиерот Никола Груевски на митингот во Кичево му порача на кандидатот за градоначалникот од ДУИ, Фатмир Дехари, да си замине во Албанија. Премиерот се однесува како мало налутено дете. Тој, наместо да говори, треба да му нареди на Јавниот обвинител веднаш да започне постапка за утврдување на кривична одговорност, да дејствува, па судот да утврди дали командантот Дехари е виновен или не, а не да продава политички приказни – рече лидерот на Достоинство.

Тој нагласи дека урбаната мафија царува во скопската населба Аеродром, а токму оваа општина, според него, е најголема пералница за пари во Македонија.

Мој близок пријател ми се пожали дека за да изгради објект на негов имот му побарале мито од два милиони евра. Се чудев, за мене тоа се многу пари. Но, ако само на човек како него му побарале толку, може да замислиме колку мито им земаат на другите. Јасно е зошто тоа го прават, за после 24 март да ги користат и уживаат, откако ќе си заминат од власт. Затоа драги пријатели, сите заедно на 24 март, да им се спротивставиме, да им кажеме збогум на оваа ненародна власт, и конечно демократијата да победи во Македонија – рече Ангелов.

Би можело да ве интересира

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ