Ангелов: Гори релативно мал крак кај Ајватовци, поддршка од воздух не е потребна

Од:

Нема потреба од поддршка на воздухопловните сили за гасење на пожарот кај скопско Ајватовци во раните утрински часови. Неизгаснат остана само еден релативно мал крак. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје со поддршка од локалното население пожарот ќе биде следен, изјави за МИА директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Нагласи дека рано утрово пожарот е ставен под контрола. Два од трите краци од пожарот кои вчера гореа, како што рече, се изгаснати.

Пожарот избувна вчера попладне и се прошири на територијата на соседните села Мршинци, Бучинци и Бујковци во општина Илинден, како и во општина Арачиново. Во еден период беше надвор од контрола и беше најавено дека рано утринава ќе дејствуваат два полициски хеликоптера, а подоцна ќе им се приклучат и два ер трактора на Дирекцијата за заштита и спасување.

Вчера беше изгаснат пожарот во општините Пробиштип и Чешиново Облешево каде дејствуваа полициски хеликоптери и ер трактор, а во доцна попладнето заврна и дожд. Вчера вечер активни пожари имаше и во скопските села Умово и Рашче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он