Ангелоски: Итно укинување на бирократските процедури за инсталирање обновливи извори, вишок се

Од:

Заштита од ценовните шокови е можна со зголемување на домашното производство и на енергенти и на прехранбени производи, смета Трајан Ангелоски, претседател на Сојузот на стопански комори. Неговиот став е дека и покрај кризата има можност за зголемување на производството, а како клучна пречка за тоа ги посочи долгите и сложени процедури за инсталирање опрема за обновливи извори, кога се работи за енергенти.

„Имаме апсолутно барање, реакција веднаш за укинување на комплицираните процедури за добивање на дозволи за инсталирање на опрема за обновливи извори. Компаниите можат еден добар дел од своите енергетски потреби дури и сами да го задоволат. Навистина нема потреба да имаме толку сложени процедури процедури во кои губиме време по општини за добивање на градежни дозволи по институции, разно разни документи и така натаму. Во моментов мислам дека таа процедура е на ниво од 60 – 90 дена. За нас е несфатливо на обезбедена опрема, на можност да ја монтирате и еден добар дел од сметките да ги субституирате на тој начин, банките тука навистина излегоа во пресрет, нудат кредити за обновливи извори, ние сме некако закочени во тие административни процедури. Бирократските процедури се сувишен елемент“, вели претседателот Ангелоски и нагласува дека оние кои можат да инвестираат во такви проекти ќе се заштитат од ценовни шокови.
Сојузот веќе добил најава за олеснување на процедурите, но бараат и дела за да се зголеми процентот на искористена енергија од обновливи извори, која кај нас сега изнесува само 1 отсто.

Растот на цените кај нас од вчера и острите реакции Ангелоски објаснува дека се резултат на враќањето на вообичаеното ниво на даночните стапки, намалени или укинати поради украинската криза. Сојузот очекувал враќањето да оди постепено, но Владата одлучила тоа да се случи наеднаш па од тука се реакциите во јавноста.

Ангелоски вели дека на глобално ниво цените на металите и прехранбените производи се стабилизирани, а за енергентите не може да се претпостави во кој правец ќе се движат, но јасно е дека е потребно зголемување на домашното производство.

„Кога сме кај енергетиката и кај прехранбените производи сакаме да апелираме, доколку сакаме да се заштитиме од вакви ценовни шокови, треба да одиме во еден правец. Правецот се вика домашно производство и на енергенти, колку може повеќе и на прехранбени производи. На тој начин би можеле шоковите да бидат помали и целата ситуација да ја држиме некако под контрола“, рече Ангелоски.

Кризата, според Ангелоски е шанса да докажеме колку земјоделски и прехранбени производи можеме да произведеме, имајќи предвид дека Македонија е земјоделска земја.

Би можело да ве интересира

ССК: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Македонски Квалитет 2023 : Македонските успешни компании се нашите најдобрите амбасадори

А1он

Ѓорѓиевски: Да им се помогне на земјоделците за пченицата, производната цена е двојно повисока од пазарната

Сојузот на Стопански комори на Македонија и Македонска берза АД заеднички го поддржуваат бизнис секторот со инвестициски проекти

Ана Ололовска

Собранието на Комора на геодети усвои Декларација за унапредување на геодетскиот сектор

Ана Ололовска

ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ СЕКЈУРИТИ е еден од добитниците на престижното признание за Македонски квалитет за 2022 година