Ангажирани два полициски хеликоптера поради разгорување на пожарот кај Ајватовци

Од:

Поради разгорување на пожарот кај Ајватовци на два крака, два полициски хеликоптера се вклучени во гасење на пожарот, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Тој исто така вели дека на лице место гасат пожарникарите од скопската Противпожарна бригада, но и доброволци од доброволното противпожарно друштво од Свети Николе, со поддршка на локалното население.

Ангелов претходно информираше дека пожарот е активен само на еден крак и останатите делови се изгаснати, но по разгорување на првиот крак ангажиран е полициски хеликоптер, а сега веќе и втор полициски хеликоптер по разгорувањето на пожарот на два крака.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски