Ангажирани 533 полициски службеници за превенирање и гасење на пожарите

Од:

Во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, во текот на изминатото деноноќие, од страна на МВР беа ангажирани 533 полициски службеници, реализирани се 217 мото-патроли и користени се 145 моторни возила. На терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата.

Како што соопшти МВР, во периодот од 03.08.2021 до 15.08.2021, во координација со Јавен обвинител се приведени 24 лица, а уште 18 се повикани во станица на разговор, поради постоење основи на сомнение дека подметнале или предизвикале пожари. Поднесени се две кривични пријави против две лица по член 288 (предизвикување на општа опасност), и тоа од ОВР Прилеп и СВР Струмица, две кривични пријави против три лица по член 227 (предизвикување на шумски пожар), и двете од ОВР Дебар.

-МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Ѓубре, ниска вегетација и стрниште горат во општините Битола, Бутел и Брвеница

Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати

Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола