Ангажирани 15 асистенти за учениците со посебни потреби во Аеродром

Од:

Проектот преку кој се ангажираат лични и образовни асистенти за учениците со посебни образовни потреби од основните училишта во општина Аеродром во изминатите шест месеци даде позитивни резултати, оцени Општина Ародром.

Досега за таа цел, како што соопштија оттаму, биле ангажирани 8 образовни и 7 лични асистенти што работат во основните училишта со деца со посебни образовни потреби, а се очекува проектот да продолжи и следната учебна година со цел да се опфатат поголем број ученици на кои им е потребна ваква помош.

Носител на проектот е УНДП, во соработка со Општина Аеродром и Агенцијата за вработување на Република Македонија, како дел од програмата за општокорисна работа.

Би можело да ве интересира

35-годишен маж од Аеродром бил истепан од сопругата

Горан Наумовски

Пожар во Аеродром, повреден е газдата на станот и неговиот син

Тројца тешко повредени во вчерашната сообраќајка во Аеродром

ВИДЕО: Пожар изби во напуштена барака во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Дечко и девојка се истепале пред кафеана во Аеродром