Анел Фидоски е избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје

Од:

На денешната седница на Советот на јавните обвинители, Анел Фидоски е избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје.

Покрај Фидоски, за функцијата конкурираа и досегашниот јавен обвинител Гаврил Бубевски, како и Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова.

По гласањето, Фидоски доби најголема поддршка од членовите на Советот и со седум гласа „за“ беше избран за нов шеф на ОЈО Скопје. Бубевски доби пет гласа „за“, Трајчевска и Андонова по еден глас „за“, а Петрески не доби ниеден глас „за“.

Воедно, со 10 гласа „за“ Бесир Алиу беше избран за обвинител на Основното јавно обвинителство Тетово.

Би можело да ве интересира

Избор на нов обвинител на ОЈО Скопје: Бубевски повторно во трка

Горан Наумовски

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Мицкоски: Враќањето на довербата во правосудството е приоритет број еден

Горан Наумовски

Тополова-Исајловска едногласно именувана за вршител на должност Државен јавен обвинител

Горан Наумовски

Венецијанска комисија: Се препорачува измена на Уставот со што би се ограничило правото на реизбор на јавниот обвинител

Турски државјани рекетираа сограѓанин во Скопје, двајца се уапсени

А1он