Андријана Будимир, Софија Пејкова, Нина Фити ќе бидат дел од Централниот одбор на СДСМ

Од:

Меѓу новите членови на партискиот Централен одбор на СДСМ има и познати имиња како Андријана Будимир, Ана Данева Маркова, Софија Пејкова, Нина Фити – Неделковска, известуваат од СДСМ.

Денешниот 26. конгрес на СДСМ што се одржа онлајн поради корона пандемијата заврши, а во секој момент се очекува да почне седницата на Централниот одбор по што прес-конференција треба да одржи претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Заев ќе ги соопшти сите одлуки и новите кадровски промени.

Од СДСМ додаваат дека во Централниот одбор има многу нови имиња, повеќе од две третини. Меѓу избраните функционери застапени се лекари, спортисти, а се водела сметка и за родовата и возрасната еднаквост.

Сања Лукаревска беше избрана за заменик-претседател на СДСМ со 682 гласа „за“ и два „против“, по предлог на партискиот лидер, Заев. Лукаревска доаѓа на местото на Радмила Шекеринска која беше на оваа позиција два мандата, од 2013 година.

Во почетниот дел од конгресот кој беше отворен за јавноста, Заев порача дека следува обновување на кадровската понуда на СДСМ и охрабрување на различно мислење.

-До конгресот на СДСМ денеска предлагаме 120 кандидати за членови на Централниот одбор и девет кандидати за членови на Надзорниот одбор. Следува обновување на досегашната кадровска понуда на партијата, охрабрување на различно мислење, но и градење на СДСМ за новото време. Од овие 120 кандидати, 60 се жени, 60 се мажи, а 45 се млади. Покрај целосно еднаква застапеност на жените и мажите, имаме и 37,5 проценти застапеност на младите, истакна Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски