Андреј Ковачев: Не сакаме да им го одземеме Гоце Делчев на Македонците

Од:

Ние не сакаме да им го одземеме Гоце Делчев од Македонците, затоа што и ние и тие сме наследници на истите луѓе кои во минатото не се делеле, изјави бугарскиот европратеникот Андреј Ковачев.

– Денеска се навршуваат 117 години од смртта на Гоце Делчев. Личноста на големиот револуционер не треба да ги дели, туку да ги обединува Бугарија и Република Северна Македонија. За жал, толкувањето на модерната реалност е основа на апсолутно фалсификување на историјата, изјави Ковачев за БГНЕС.

Тој смета дека „од исклучителна важност е актуелните генерации во Македонија да не продолжат да се едуцираат во лага, која создава омраза и поделба“, но во исто време истакнува и дека „никој не сака на современото население во Македонија да му наметнува како ќе се нарекува“.

Според Ковачев, во основа на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија не е современата реалност, туку толкувањето на историјата, па затоа заедничката македонско-бугарска комисија своите заклучоци треба да ги базира на факти и историски извори, а не на толкувања на одделни историчари.

Тој потенцира дека доколку мешовитата комисија не продолжи со работа и доколку „продложи фалсификувањето на историјата“, меѓувладината конференција за старт на преговорите на земјава со ЕУ ќе биде одложена сè додека не биде постигнат напредок.

– Како што рече (бугарскиот) премиер Бојко Борисов – топката е во нивно поле. Жал ми е што нашите соседи се прават дека не го слушаат и не го почитуваат договорот што го склучивме, додава Ковачев.

Би можело да ве интересира

Откриена биста на Гоце Делчев во Пустец

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката

Доделување на државната награда „Гоце Делчев“

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Катерина Ѓуровски

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Во финална фаза подготовките за поставување бистата на Гоце Делчев во центарот на Пустец

Катерина Ѓуровски