Андоновски вели нема конфликт на интереси во тоа што фирмата на сопругот на државната секретарка добила тендери, таа не учестувала во постапката

Од:

Само компанијата која ги добила двата спорни тендери за кои обвинува СДСМ била пријавена за еден од тендерите кои ги распишувало Миистерството за дигитална трансформација. Фирмата на сопругот на Државната секретар Гордана Клинчарова ги исполнила условите и министерот ги потпишал договорите. Ова според министерот Стефан Андоновски е образложението за двата тендера кои ги добила фирмата „Матео дизајн“ во сопственот на Мартин Кличаров, сопруг на Гордана Кличарова.

– Станува збор за набавка на конференциска и презентациска опрема на која, за жал пријавена е само една компанија, и покрај широките и објективни критериуми кои беа утврдени во истата. Најверојатно заради однесувањето на СДСМ и ДУИ како Влада во минатото, тоа е честа пракса во рамки на процедурите за јавни набавки, дури и кај наједноставните побарувања. Избраната компанија ги исполнила бараните услови и критериуми, а за постапката никој не вложил никаква жалба. ЛАГА бр 1 на СДСМ е дека договорот е на сума од 2.5 милиони денари. Постигната е цена од 1.531.927,00 денари, која е за скоро 40% поевтина од планираната сума за јавната набавка од 2.500.000,00 денари. И втората набавка, за проект кој СДСМ го блокираше, е мала набавка во која исто така се постигнати пониски цени од пазарните за до 40%. Лага бр 2 е дека јас имам некаква вмешаност во изборот, техничката спецификација или севкупно набавката. Таа ја вршат стручни и објективни членови на комисии, а нивната работа се цени по тоа што нема ниту една жалба за набавката, рече Андоновски на прес конференција.

Според Андоновски, државната секретарка во Министерството, Гордана Клинчарова не учествува во ниту една постапка за јавни набавки. Вели дека нејзиниот ангажман е во админитративно-буџетско работење на Министерството и не постои судир за интерес или влијание за постапката од нејзина страна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски