Андоновска: Како е можно насилник да влезе во клиниката за кардиологија и да претепа пациент?

Од:

Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека јавноста вчера на дело ја видела политиката на Заев и СДСМ за здравството.

– Тие вчера на јавноста и покажаа дека имаат намера да ги кријат проблемите во здравството кои тие поради својата неспособност ги прават, наместо да ги решаваат и да понесат одговорност за истото. СДС наместо да одговори како е можно во клиниката за кардиологија да влезе насилник и во болничката соба, во болничкиот кревет крвнички да претепа пациент, тие им забрануваат на медиумите да известуваат за овој случај, рече Андоновска.

Таа додаде дека заменичката директорка на клиниката за Кардиологија дрско ги бркаше медиумите и не даде како е возможно некој да влезе и да претепа пациент.

– Таа и директорот на клиниката треба да дадат одговор кој дозволил ова лице да влезе во објектот, кој тие не им дозволуваат на медиумите дури ни да го снимаат? Тие треба да кажат во колку часот се случил овој настан и дали е точно дека насилникот влегол надвор од времето предвидено за посета? Очигледно решиле да го кријат овој скандал, исто како што сеуште се кријат и не се произнесуваат за скандалозната смрт на 10 деца во рок од неколку дена. Ова е лицето на владата на СДС. Тие мислат дека со закани и насилство ќе ја замолчат јавноста за ваквите невидени скандали, рече Андоновска.

Таа рече дека граѓантие не само што стравуваат за своето здравје поради неспособните кадри на СДСМ и нивните погрешни политики, сега требало да се плашат и кога ќе отидат во некој болница бидејќи некој може да ги претепа.

– Одговорност за ова мора да има. И морална и политичка, но и кривична. За жал сите надлежни институции молчат и се обидуваат да го прикријат овој скандал. Порано или подоцна, неспособните кадри на СДС ќе одговараат заради својата негрижа и дилерантизам со кои ги загрозуваат здравјето и животот на граѓаните.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите