Андоновска: Kако Арсовска планира да го направи овој град поубав и модерен?

Од:

Денеска треба да имаме две седници, едната е за советнички прашања, а другата редовна седница на Советот на Град Скопје. Како што се гледа, не знам која е поред оваа седница за соиветнички прашања каде што градоначалничката не е присутна во салата. Тоа значи дека Арсовска не е заинтересирана да одговори на прашањата кои ги имаат граѓаните, а тоа е нејзина должност и обврска, изјави советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска на денешната седница на Советот на Град Скопје.

– Арсовска не е присутна, а треба да е тука и да одговори на прашањата на граѓаните, не е тука кога треба да се зборува за проблемите на граѓаните, не е тука кога се носи буџет или ребаланс на буџет, не е тука ни дури кога таа предлага свои точки да ги образложи и да каже што бара од овој совет, истакна Андоновска.

Антоновска прашува како Арсовска планира да го направи овој град поубав и модерен, како планира да ги исполни ветувањата кога не е присутна на Советот да зборува за проблемите кои го мачат Скопје и скопјани.

– Што е поважно за Арсовска од нејзината обврска да работи за Скопје и скопјани? Дали таа мисли дека до крајот на мандатот ќе ги избегнува граѓаните и нивните проблеми и нема да работи транспарентно, туку ќе се шета по земјите без да одговори зошто тоа го прави и зошто ништо не реализира од програмата. Како Арсовска планира да продолжи понатака? – вели Андоновска.

Таа нагласи дека во Советот не може да се работи без Арсовска да биде присутна и да одговори транспарентно за одлуките.

– Арсовска треба да одговори на граѓаните, треба да биде тука за да може да се донесат решенија. Не може да се носат решенија без да биде присутна и да образложи, да се најде решенија, проблемите да се решат. Планира ли да почне оваа градоначалничка да ги спроведува ветувањата? Советот е блокиран од градоначалничката, нагласи Андоновска.

Би можело да ве интересира

Андоновска: Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција бара итна ревизија во ЈСП и ЈП „Паркови и зеленило“, Арсовска да се изјасни дали е за или против

Андоновска: Советот на Град Скопје носи одлуки за ЈСП, но директорот и градоначалничката не ги реализираат

Андоновска: Арсовска шест месеци по ред не доаѓа да одговара на советнички прашања