Андоновска: Директорката Јовановска да покаже доблест и да се повлече

Од:

Марија Андоновска денеска во изјава за медиумите рече дека дикреторката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска не смее да бега од одговорност за починатите бебиња бидејќи била пријателка на сопругата на премиерот Заев.

– На гинекологија владее хаос и секојдневно сме сведоци на трагични вести и загубени животи. Директорката Јовановска е платена од граѓаните не за да креира хаос, туку да ги решава проблемите, а таа го прави спротивното. Наместо постојано да мисли како да ги брани политичките ставови на нејзиниот близок пријател Зоран Заев и да пишува политички соопштенија, требаше да се грижи да не умираат новороденчиња. Сега е јасно дека нема капацитет за тоа. Најдобро и за неа и за пациентите е да покаже доблест и да се повлече, рече Андоновска.

Според неа негрижата на новата влада на СДСМ и Таравари за здравјето на граѓаните испливала на површина.

– Колку повеќе се расплетува случајот за смртта на бебињата на Клиниката за гинекологија, толку повеќе на површина излегуваат судбините на родилките и нивните новороденчиња. Два дена криеја за починати три бебиња, па откако јавноста дозна, веќе стигна и втора вест за починато четврто новороденче. Колку новороденчиња треба да починат за Таравари, владата на Заев или директорката Јовановска да прифатат одговорност? Уште колку човечки животи треба да згаснат за да се покажат доблест и да се повлечат? До кога планираат да молчат и со брутална партизација на институциите и поставување на некомпетентни партиски кадри, државата да ја туркаат во хаос?, праша Андоновска.

Таа рече дека ВМРО-ДПМНЕ апелирале и предупредувале, но на Таравари, Заев, Милошев и Јовановска човечкиот живот не им бил приоритет.

– Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ додека беше на власт изгради целосно нов објект наменет за Клиниката за гинекологија и акушерство, кој што беше модернизиран и опремен со најсовремена технологија. Беа набавени 11 респираторни машини, 16 инкубатори, 3 вормери, 1 ултразвучен апарат, 1 мобилен рендген апарат, 1 апарат за гасни анализи, 10 перфузори/инфузиомати. Во рамки на Програмата на Министерството за здравство на Република Македонија за едукација на лекари и педијатри, на ЈЗУ и Клиника за гинекологија и акушерство и беа доделени 5 субспецијализации по неонатологија за педијатри вработени на Одделението за неонатална интензивна нега и терапија и Одделението за новородени деца. Отворени се најсовремени операциони сали, а во 2013-та беше отворена и 5-та операциона сала за минимално инвазивна хирургија опремена со најсовремена апаратура за лапараскопски интервенции, рече Андоновска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања

(ВИДЕО) Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ