Андонов: Со неотворени и непреброени гласачки кутии, ВМРО-ДПМНЕ објавија победа

Од:

На денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник,  Миле Андонов, заедно со новоизбраните советници од редовите на коалицијата „Сојуз за иднината“, упатија благодарност до сите оние граѓани што го дадоа својот глас и целосна поддршка на СДСМ и коалицијата од „Сојузот за иднината“.

„Исто така да им оддадеме огромно признание на сите кочанчани што го дадоа својот глас за опозицијата и со тоа се изложија на сите ризици и ја искажаа својата храброст и не дозволија да им се фалсификува, да им поткупи или со заканите и притисоците да им биде украден нивниот глас“, изјави Миле Андонов

Од штабот на коалицијата „Сојуз за иднината“ во Кочани, локалните избори ги оценија како нефер, неслободни и недемократски, со што го изгубиле својот легитимитет.

Миле Андонов уште додаде: „Знаевме дека во Кочани изборите ќе бидат мирни, ноне знаевме зошто толку полицајци, алфи, инспектори од Скопје, од Штип и од Виница вчера, на денот на  вториот круг од гласањето, беа донесени овде во Кочани.

По 14 часот ни стана јасно. Бевме сведоци како првенците на ДПМНЕ во Кочани се консултираа и постојано со исти возила кружеа  низ целиот град и  по сите избирачки места заедно со полицајци. Пред 19 часот, со  неотворени и  непреброени кутии  и пред затворањето на гласачките места, ВМРО-ДПМНЕ почнаа да објавуваат дека изборните резултати се во  нивна корист“.

Претставниците на  коалицијата „Сојузот за иднината“ на крајот од прес-коференцијата  порача дека не запираат овдеи ги повикаа сите граѓани на Кочани што се незадоволни од режимот на оваа власт, како на централни така и на локално ниво, да им се придружат за да му се стави крај на овој тоталитарен режим.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар