Владата на денешната седница ја именуваше проф. д-р Ана Павловска-Данева за член на ГРЕКО – Група на држави против корупција на Совет на Европа, како претставник од Република Македонија.
ГРЕКО е организација формирана во 1990 година од страна на Советот на Европа која има за цел да ја набљудува борбата против корупција на државите членки на Советот на Европа.