„Амстердамската тројка“ ќе формира граѓанско движење под името „Има иднина“

Од:

„Амстердамската тројка“, односно Владимир Лазаревик, Никола Димитров и Перо Димшоски, во пресрет на 15. Конкрес на ВМРО-ДПМНЕ, најавуваат формирање на граѓанско движење под името „Има иднина“, јавува „24 Вести“.

– Целта на таа граѓанска платформа, во форма на граѓанско здружение, што е сосема различно од политичка партија, е вистински да покаже дека во Македонија има граѓани кои што имаат капацитет, дека во Македонија има луѓе што можат да ветат и да ја прифатат одговорноста да реализираат и да испорачаат нешто во интерес на граѓаните. Институциите се узурпирани, судството е узурпирано и на некој начин граѓаните се окупирани. Ние тоа сакаме да го промениме – вели Владимир Лазаревик за „24 Вести“.

Тие засега немаат намера да одржат паралелен конгрес, заедно со Форумот на слободоумни патриоти на професорот Јове Кекеновски, а како што додал Лазаревик за телевизијата, изминативе два месеци настојувале да влијаат врз членовите на ВМРО-ДПМНЕ и да укажат дека се потребни сериозни внатрепартиски реформи.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест на сексуалните работнички во Амстердам: Не можеме да заработиме доволно со скратено работно време

ВИДЕО: Полицијата бркаше активисти на аеродромот во Амстердам, возеа велосипеди и блокираа авиони

Повеќе лица излегле од продавница во Амстердам каде вооружено лице држи заложници

А1он

Заложничка драма во продавница на Епл во Амстердам

А1он

ВИДЕО: По смртта на јутјуберката, Бака Прасе остана без пари и чисти во Амстердам

А1он

ВИДЕО: Хаос во Амстердам поради новите мерки, полицијата со водени топови ги растера демонстрантите