АМСМ: Поради високите температури патувајте рано наутро или доцна попладне

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози, информираат од АМСМ.

Возачите кои планираат да тргнат на подолг пат, тоа да го сторат по можност во раните утрински или доцните попладневни часови, за да ги избегнат високите температури во текот на денот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од 01.07 до 31.08. тешките товарни возила со над 7,5 тона вкупна маса, имаат забрана за движење на патот Гостивар – Охрид секој петок од 15:00 – 24:00 часот и секоја сабота и недела од 07:00 – 24:00 часот. Ова ограничување не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.

Посебна внимателност се препорачува на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде е можна појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.

Повнимателно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес каде се одвиваат работи на реконструкција на патот, за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

Орце Костов

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска