Амбасадорот на САД во Република Македонија Пол Волерс, денесka ги посети пелагониските општини Битола, Новаци и Могила во кои се реализираат повеќе проекти финансирани од американската Aмбасада, а во функција на локалниот економски развој.
Една од најголемите цели на УСАИД во последните 20 години е преку проекти да се придонесе за зајакнување на стопанството во Македонија, и посебно малите и средни претпријатија преку кои ќе се отвораат нови работни места, истакна амбасадорот Волерс за време на денешниот престој во Битола.
– Среќен сум што инвестиравме многу и во многу проекти, како што е проектот „Лидер“ во Пелагонискиот регион со кој придонесуваме за зајакнување на малите и средни бизниси. Овој проект е одличен механизам, кој овозможува преку јавно приватно партнерство и дијалог имплементирање на идеите од јавниот и приватниот сектор, посочи Волерс.
Реализацијата на проектот „Лидер“ во Битола, Новаци и Могила се остварува преку Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со поддршка на градоначалниците од овој регион.