Американскиот амбасадор Џес Бејли во посета на Делчево

Од:

Амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли денеска ја посети Општина Делчево и оствари работна средба со градоначалникот Горан Трајковски.

Како што соопшти Општина Делчево, амбасадорот Бејли на средбата се интересирал за спецификите на Делчево, потенцијалите и можностите за развој, како и со предизвиците со кои се соочува општината.

– Градоначалникот Трајковски изрази задоволство од посетата и благодарност од досегашната соработка и поддршка на американскиот народ во реализација на проекти кои се од витално значење за Делчево и кои се во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, посебно во подобрување на условите за работа во образовните институции во градот, информира Општината.

Во знак на благодарност Трајковски му врачил на Бејли Плакета од Делчево и уметничка слика со мотив од старо Делчево од локалниот уметник Петар Атанасов-Пепи.

Американскиот амбасадор го посетил и кампот на Мировниот корпус во ООУ „Климент Охридски“ каде има 50-ина ученици, а наставата и едукативните содржини ги реализираат волонтери.

Би можело да ве интересира

Приведена 76-годишна жена од Делчево за предизвикување пожар

Катерина Ѓуровски

Избувна пожар во помошен објект во Делчево

Горан Наумовски

Кривична за маж од Делчево, предизвикал пожар од невнимание

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка