Американски војници во Европа пречекани со аплаузи и негодување

Од:

Двонеделното патување на американските војници, кои се враќаа во Германија од воените вежби на Балтичкото Море, заврши со антивоени протести на влезот на нивната база во германското градче Вилсек, јави дописникот на МИА од Берлин.

Американскиот конвој со 120 борбени возила, кој од 21 март мина 1.770 километри низ Естонија, Литванија, Полска, Летонија и Чешка, на својот пат се соочи со различни реакции од граѓаните, пренесува руската телевизија на англиски јазик РТ.

Најдолгиот воен марш на американската армија на европско тло по Втората светска војна имаше авионска поддршка и требаше на јавноста да и ја покаже солидарноста на САД со своите сојузници во регионот. Затоа наместо со железница, војниците и опремата се движеа по патишта.

Според генералот Бен Хоџис, командант на американските сили во Европа, за САД е важно да ја покаже способноста за движење на големи далечини, откако Русија префлри илјадинци свои трупи за време на масовните воени вежби одржани во март во близина на Балтичкото Море.

За време на враќањето од воената вежба „Јавање на змејот“, американските војници застануваа во секој град и организираа воени активности за да ја добијат поддршката од локалното население.

– Бевме пријатно изненадени, изјави полковникот Џон Мејер, чии војници на патиштата биле пречекани со американски и знамиња на земјите-домаќини.

Сепак според РТ, сите не биле среќни поради американските блиндирани возила што минуваат низ европските градови и села. Воениот конвој бил дочекан и од десетици демонстранти кои барале војниците да се вратат во своите бази во Германија. Демонстрантите носеле транспаренти со пораки „Мир“, „Тенкови. Не благодарам“, „Војници одете си дома. Никому не недостасувате“.

– Можеби сме малкумина, но претставуваме многумина низ цела Германија кои сакаат американските војници и нивното оружје да заминат надвор од нашата земја, изјави еден демонстрант за РТ.

Според Ричард Спенсер, шеф на Националниот институт за политики од Вашингтон, операцијата „Јавање на земјот“ била добредојдена, но сите не велат „благодарам“ на американската армија.

Тој не се сомнева дека многумина се искрени кога ги веат американските знамиња, но смета дека се искрени и тие кои се против излегувањето на војниците на улиците. Според него, во Европа постои двојно чувство за НАТО, кое се дефинира како „полуокупација, полусојузништво, полубезбедносни гаранции“.

– НАТО беше формира во текот на Студената војна. Има ли смисла неговото постоење денес, се прашува Спенсер, според кого, воениот конвој е првото „покажување на мускули“ на САД кон Русија и обид да и се каже на Европа дека американската армија е тука за да ги заштити сојузниците кои и немаат друг избор доколку дојде до конфликт со Русија.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: САД може да воведат такса од 1.000 долари за интервју за неимигрантска виза

Рајс: Путин станува сè поочаен

Орбан: Повеќето Европејци се против забрзаниот пристап на Украина во ЕУ

Трамп им забрани на граѓаните на 12 земји влез во САД

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да воведе санкции против Русија истовремено со САД

Али Хамнеи го критикува предлогот на САД за нуклеарни разговори, но не ја отфрла идејата