Предупредување од Американската амбасада за зголемен ризик од терористички напад во Северна Македонија

Од:

Американската амбасада во Скопје објави предупредување дека постои зголемен ризик од терористички напад на територијата на Република Северна Македонија.

– Постои зголемен ризик од терористички напади инспирирани од екстремистичка идеологија во Северна Македонија. Терористички организации и поединци инспирирани од екстремистичката идеологија имаат намера за напад врз цивили, вклучително и државјани на САД во странство. Терористите се почесто користат помалку софистицирани методи за таргетирање на групи луѓе на јавни места, вклучително и со користење на пиштоли, возила и остри предмети, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на Американската амбасада.

Од Aмбасадата предупредуваат дека терористичките напади и други безбедносни инциденти често се случуваат без никака најава и апелираат граѓаните на САД да одржуваат високо ниво на претпазливост.

– Екстремистите повеќе се стремат кон изнаоѓање и напади врз “меки цели”, како што се: трговски центри и пазари, аеродроми, хотели, клубови и ресторани, верски објекти, училишта, паркови и јавни настани од висок профил (спортски натпревари, политички митинзи, демонстрации, празнични настани, славенички собири итн.), се наведува во предупредувањето од Американската амбасада.

Министерството за внатрешни работи претходно, вечерва, информира дека по дојава од пријателска земја биле спроведени оперативно-тактички мерки и претреси на неколку локации поврзани со потенцијални планови и намери за извршување на терористички акт на територијата на нашата држава од страна на припадници на радикални структури поддржувачи на ИСИС.

Би можело да ве интересира

Планирале терористички напади, регрутирале за ИСИС – уапсени четворица

(ВИДЕО) Уапсени се тројца нашинци кои војувале за ИСИС во Сирија

Горан Наумовски

Објавена листа со 15 македонски државјани кои се бореле за ИСИС во Сирија

Катерина Ѓуровски

Стејт департмент: Вкупно 127 македонски граѓани стапиле во терористички групи во ИД, 38 биле убиени, 69 се вратиле, 19 останале

Ана Ололовска

Борци на ИСИС кои војувале во Сирија и во Ирак вратени во земјава

Катерина Ѓуровски

Обвинети членовите на македонската терористичка ќелија на ИСИС, шест месеци откако беа фатени

Жарко Настоски