Амди: Секогаш сум „у куалиција“ во влада

Од:

Коалиција или куалиција, сеедно, Амди Бајрам е секогаш во владината. Денеска во негов стил дебатираше за прокетот „Скопје 2014“.

„2014. Вас тоа ве боли, зошто само од тоа цицавте. Крадевте и никој не ве контролираше. На Фаик Абди му ставивте петокрака. Ама кога во 2005 јас влегов во Собрание, не можевте така да одите. А бев у куалиција со вас да ве контролирам. И сега не сакате да се гради за да можете да дрпате и крадете за кирии, зошто сега никој нема да ви плаќа за кирии“, рече Бајрам.

„Тешко на коалицијата која Амбди Бајрам ја брани. Вие најмалку смеете да говорите за криминал, зошто за криминалот во Македонка бевте и осуден“, реплицираше Марјанчо Николов.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има – Обвинителството да постапува

Горан Наумовски

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

А1он

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски