Амбулантите не работат, лекарите подготвени и на најригорозни мерки

Од:

Штрајкот на лекарите се омасовува и се радикализира. Од денеска затворија и амбулантите, а лекарите упатуваат дека за сите последици  и евентуално настанати штети одговорноста ќе ја понесе Министерството за здравство.

Намалувањето на обемот на работа е само уште еден чекор кон продлабочување на штрајкот  Лекарите велат дека итните случаи ќе бидат третирани, но и предупредуваат дека одлуката кој е итен случај, а кој не е, по закон ја носат и одлучуваат  директорите на клиниките, а не тие.

Затворањето на амбуланите е одлучено едногласно, со тоа што амбулантите со ургентна патологија како што се Ургентниот центар, Хирургија, Детската клиника, Гинекологија ќе продолжат да функционираат.

Со одлуката од петокот, од денеска се  затвораат само општите и дневни амбуланти кои прегледуваат хронични болни и пациенти за контрола.

Од штрајкувачкиот одбор велат дека  одлуката е поради игнорантскиот однос на министерот Тодоров но и да се покаже дека нема да попуштат и дека се подготвени на многу порадикални и поригорозни мерки кои не ги откриваат.

Целиот проблем настана откако владата односно Министерството за здравство го воведе плаќањето по учинок, со кој наместо лекарите специјалисти да ја земаат целата и така мизерна плата, сега се соочуваат со кинење од истата.

Лекарите специјалисти предупредуваат дека не може лаици и луѓе кои не се разбираат во медицина да наметнуваат математички методи кои ќе имаат големи последици за пацинетите. Во моментов, со плаќањето по учинок  нив владата ги третира како работници во фабрика за кошули и брои кој од нив колку ќе сошие.

Предупредуваат дека плаќањето по учинок ќе го растури квалитетот на здравството- наместо да му се посветат не еден пациент 10 или 20 минути, и да дефинираат точна дијагноза, нив владата со учинокот ги тера да прегледуваат на секоја минута по еден пацинет како на лента, за да можат да го исполнат учинокот и да ја земат целата плата. Колку некому помогнале, по се изгледа и нема да е важно.

Министерет за здравство молчи. Откако рече дека не гледа штрајк, лекарите добија поддршка од сите колеги во Македонија. Бројот на незадоволни расте, а со тоа и на незадоволни пацинети кои прстот го вперуваат во владата и министерот.

А1 веќе објави дека постои сценарио да се наместат неколку лекари со лажни „незгрижени пацинети“ и со договорени полициски акции, судски процеси и медиумски спектакли  да се растури штрајкот. Лекарите денеска велат дека тоа ќе биде уште поголема грешка на власта, зашто лекар нема да остане на Клиники.

„Само еден да биде чепнат, сите ќе поднесат оставки, лекар нема да остане“, велат тие и најавуват дека нема да дозволат никој да ги понижува и нив и нивниот долгогодишен труд.

Би можело да ве интересира

Вработените во јавното здравство добиваат повисоки плати

Катерина Ѓуровски

Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство

„Стоп за лоши навики“ – ЗЛС најавува нов проект за подигнување на свеста за здрав животен стил

Лекарска комора објави листа на доктори со важечка лиценца за работа

Таравари: До крајот на годинава ќе се вработат 300 приватни специјализанти

Бојчевски: Приоритет на новата влада да бидат здравствените работници кои повеќе од пет години се без здравствено и пензиско осигурување