Амбасдорката на Република Турција во посета на општина Гостивар

Од:

Амбасадорката на Република Турција во Македонија Тулин Еркал Кара денеска оствари средба со Невзат Бејта градоначалникот на општина Гостивар, со кого разговарале за тековните активности и проекти кои заеднички ќе се реализираат.

На средбата, било констатирано дека соработката е на завидно ниво, а воспоставените врски се одликуваат со реализација на голем број проекти.

– Ние како општина имаме одлична соработка со Република Турција и благодарни сме на финансискиот придонес од кој корист имаат граѓаните и градот Гостивар. Во име на таа соработка, потсетив дека уште во првиот мандат го официјализравме турскиот јазик во општината, а едно училиште го преименуваме со ново име „Мустафа Кемал Ататурк“, рече Бејта.

Виското ниво на соработка го истакна и амбасадорката Тулин Еркал Кара и дека таа се базира на веќе воспоставените врски.

– Ние сме посветени на длабокото пријателство со општина Гостивар. Во Гостивар, бројната турската заедница има поддршка од локалната власт и останатите етнички заедници и тоа е евидентно. Му благодарам на градоначалникот Бејта кој е докажан и голем пријател на Турција, за досега сработеното и на ветувањата за нови заеднички проекти, изјави Тулин Еркал Кара по средбата

На средбата било истакнато и дека градоначалникот Бејта ќе оставри работна посета на градот Бурса.

Би можело да ве интересира

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Почината жена пронајдена пред семејната куќа во Гостивар

ВИДЕО: 46-годишник од Скопје е жртвата во страотната сообраќајка кај Колари

Газда на гостиварски угостителски објект фатен со кокаин и марихуана

Катерина Ѓуровски

Жители на Баница ќе постават шатори за одбрана на нивите од „Бехтел и Енка“ ако Владата не ги викне на средба

А1он

Граѓани со поддршка пред куќата на Таравари, тој им порача: Народот е за соработка со опозицијата, промената започна

А1он