Амбасадорот Волерс во посета на фабриката „Фени“

Од:

Американскиот амбасадор Пол Волерс денеска го посети комбинатот за фероникел „Фени индустри” во Кавадарци каде заедно со стручниот тим од топилницата го разгледа процесот на работа во објектот.

– Задоволен сум од тоа што го видов овде, интересни работи за резултатите и постигнувањата на оваа фабрика. Беше интересно да се слушне колку важност и придаваат на општествената одговорност во регионот. Американската амбасада исто така прави се што може за да го помогне економскиот развој во Македонија. Фабрика како „Фени” е добар пример за тоа како странските инвестиции може да ја зајакнат економијата и да создадат работни места, како и да создадат подобар живот за луѓето, изјави Волерс.

Задоволство од посетата на амбасадорот изрази генералниот директор на „Фени индустри” Константинос Даскалакис.

– Чест ни беше што амбасадорот ни беше гостин. Му објаснивме за каков значаен економски капацитет станува збор. Му ги објаснивме важноста и улогата на „Фени” во македонската економија и нашата визија и мисија за иднината. Дури и во овие тешки времиња успеваме да работиме со полн капацитет, и овозможуваме вработувања за луѓето, истакна Даскалакис.

Би можело да ве интересира

Ахмети го уверувал Волерс дека реформите во образованието се прогресивни

А1он

Волерс: Народот не може да биде пасивен

Емир Латифовиќ

Средбата на раководството на СДСМ со американскиот амбасадор Пол Волерс

А1он

Американскиот амбасадор Волерс ги посети Битола, Новаци и Могила

Емир Латифовиќ

Волерс за Либертас: Рикер кажа се!

Емир Латифовиќ