Амбасадорот Волерс им додели благодарници на учесниците во проектот „Зелена Академија“

Од:

На Универзитетот ФОН во Струга денеска се одржа презентација на проектот „Посвојте парк“ на која присуствуваше и амбасадорот на САД во Република Македонија Пол Волерс.

Американскиот амбасадор Волерс им додели сертификати и благодарници на директорите на средните училишта кои беа партнери во таканаречената „Зелената Академија“ што опфати обуки за заштита на животната средина и студиски патувања низ Македонија.

Тој истакна дека е особено важно што младите луѓе во Струга и во целата држава се вложуваат себеси во зачувувањето на животната средина.

– И самите знаете дека животната средина е најважното нешто. Заедно треба да вложувате за почист воздух, за почисти и поздрави води, безбедна и здрава храна. Во тоа треба да помогне како централната, така и локалната власт, со бројни стратегии. За да ги зачувате националните богатства, треба долгорочно да вложувате и да работите. Гледам дека сите вие млади луѓе, се грижите за вашите животи, за вашето здравје. Тоа може да се види и од наједноставните нешта кои ги правите секој ден, од најбаналното третирање на отпадот. И светот ќе биде подобро место за живеење, ако сите кои размислуваат што е добро, тоа и го прават. Добро е кога сето тоа во практика ќе се примени, и ќе се преземат конкретни акции, рече американскиот амбасадор Волерс.

Целта на овој проект е да се зголеми свесноста меѓу младите за предизвиците во сферата на заштита на животната средина во Македонија.

Според проект-менаџерката Катерина Василевска, со преземените активности се очекува да се зголеми и личната одговорност кај поединецот, како да ја разубави урбаната средина со конкретни еколошки акции.

– Целта на проектот е да се развие свеста кај младите за еколошките проблеми со кои се соочува Македонија и да се инспирираат сами да преземаат активности за да ја подобрат лошата состојба во која се наоѓа Македонија во насока на еколошка свест. Следната активност ќе биде градење и создавање на паркови. Ќе се одберат пет запуштени зони во центарот на Струга и пет тима од исто толку училишта ќе ги трансформираат во паркови, рече Василевска.

Во рамките на проектот @Посвојте парк“ што го спроведува Локалната агенција за развој од Струга ќе се организира и промотивен настан „Зелен Саем“, како и избор на најдобро уреден парк.

Би можело да ве интересира

Разговарано е со САД за царински олеснувања, може ќе сме во групата земји кои ќе имаат најповолни услови, вели Мицкоски

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 82

Елон Маск објави формирање политичка партија, дали е тоа крај на двопартискиот систем на САД

Зеленски: Украина и САД потпишаа договор за заедничко производство на дронови

САД воведуваат нови санкции врз Иран

Американски извори: Иран се подготвувал да го минира Ормутскиот теснец