Амбасадорот Наумовски му ги предаде акредитивните писма на претседателот Обама

Од:

Новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Соединетите Американски Држави Васко Наумовски вчера во Белата куќа се сретна со претседателот на САД Барак Обама на кого му ги предаде акредитивните писма.

– На кратката средба, претседателот Обама ја истакна подготвеноста за натамошна соработка меѓу двете држави и ми посака успешен мандат во Вашингтон. Јас притоа се заблагодарив за поддршката од страна на САД укажана во изминатите 20 години, и ја истакнав и определбата на Република Македонија за проширување на соработката во повеќе области, изјави амбасадорот Наумовски по средбата.

Наумовски пристигна во Вашингтон пред две недели, што значи дека Белата куќа релативно брзо го организираше предавањето на акредитивните писма. Вообичаено за ова може да се чека и по неколку месеци.

Наумовски, кој е и преговарач во спорот за името со Република Грција, најави дека негов приоритет во работата во Вашингтон ќе биде динамизирање на политичките односи, организирање настани за привлекување американски инвестиции во Македонија со промоција на технолошките, индустриските и здравствените зони, промоција на туризмот и унапредување на соработката во одбраната, безбедноста, образованието, науката и културата.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски