Амбасадорот на Словачка Безак во посета на Куамново

Од:

Амбасадорот на Словачка, Мартин Безак, денеска ја посети Општина Куманово каде на средба со градоначалникот Зоран Дамјановски разговарале на повеќе теми од локален карактер.

Дамјановски по средбата изјави дека амбасадорот се интересирал за состојбите во локалната самоуправа, пред се, за мандатите на локалните власти, и за моменталната политичка состојба. Подвлече дека го запознал амбасадорот и со потенцијалот со кој располага локалната заедница, со состојбата во економијата во општината и за економската миграција.

– Како познавач на приликите во Македонија, и на Балканот, амбасадорот дава надеж дека кризата во Македонија во скоро време ќе дојде до некаква завршница. Дали преку договор под силно мониторирање на европската заедница, дали со наш, меѓупартиски, македонски договор, тој е убеден дека разрешницата ќе се случи во скоро време, изјави Дамјановски.

Тој изрази благодарност до амбасадорот Безак за неговата иницијатива за збратимување со град во Словачка, бидејќи, вели, учеството на земјите од централна Европа во развојот на Балканот било многу видиливо.

Амбасадорот Безак изјави дека е задоволен од оваа посета, втора за две години на градот и општината и продолжувањето на дијалогот.

– Без оглед на комплицираната политичка состојба во Македонија, без оглед постојната кондиција на ЕУ, која не е најдобра, локалните самоуправи во едната и другата држава мора и треба да комуницираат, изјави амбасадорот Безак.

По повод иницијативата за збратимување на Куманово со општина од Словачка, Безак посочи на позитивните примери на збратимување што ги имаат Крива Паланка и Ѓорче Петров со словачки општини.

– Политичарите доаѓаат и заминуваат, дипломатите доаѓаат и заминуваат, а граѓаните на Македонија остануваат и заслужуваат подобра перспектива. Многу пати им го кажував тоа и на политичарите без оглед дали од власта или опозицијата или етничка припадност да го проучат случајот на Словачка и врз основа на нејзините подеми и падови, и она што сме сега и што сме биле пред 10-15 години да извлечат поуки, изјави Безак.

Одговарајќи на новинарско прашање, Безак одговори дека оваа политичка криза која, рече полека преминува во уставна, во ниту еден случај не смее да прерасне во интеретничка криза. Решението, смета, е во компромисот, во одговорното и државничко однесување на политичарите, кои треба да ги стават на страна партиските и личните интереси, бидејќи, вели, тука се пишува историја и се прават преседани не само за државата, туку и за регионот.

Уште еднаш повтори да се проучи случајот на Словачка од 98-година, парламентарните избори и како се развивала државата во наредните години, со оглед дека, според него, имало многу сличности.

Амбасадорот Безак придружуван од градоначалникот Дамјановски денеска ќе ги посети комплексот базени, манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане, како и Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски