Амбасадорот на Македонија во НАТО, Дане Талески во посета на Украина

Од:

Амбасадори на десет НАТО земји членки, меѓу кои и амбасадорот на Северна Македонија во НАТО, Дане Талески остварија работна посета на Украина. Целта на посета беше да се демонстрира силна поддршка на Украина во справувањето со предизвиците од руската воена агресија информираат од Министерството за надворешни работи.

– Во рамките на посетата, шефовите на делегациите на земјите членки на НАТО остварија средби со вицепремиерката за европски и евроатлантски интеграции на Украина, Олга Стефанишина, шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак, заменик-шефот на Кабинетот на претседателот Ихор Жовква, и со Олександр Полишчук, заменик министер за одбрана на Украина. Од страна на домаќините беше истакната важноста на посетата во момент кога Киев и другите градови се соочуваат со нов бран руски напади со проектили и беспилотни летала. Домаќините се заблагодарија и за солидарноста и за големата поддршка што ја добиваат од сојузниците. Тие информираа за актуелната состојба на фронтот, при што го истакна напредувањето на украинските војници на југот на земјата со цел деокупација на украинските земји. На состаноците се разговараше и за можностите за евроатлантска интеграција на Украина. Воедно, беше нагласена важноста од понатамошна помош од НАТО, со посебен акцент на Сеопфатниот пакет за помош на Алијансата за Украина се наведува во соопштението од МНР.

Шефовите на делегациите на земјите членки на НАТО ги посетиле Хостомел и Буча, каде како што информира МНР ги осудиле руските воени злосторствата, воедно упатувајќи повик за прекин на воените дејствија и целосно повлекување на руските воени сили од украинска територија.

Би можело да ве интересира

Руски дрон го погоди седиштето на СБУ во Киев, има повредени

Предраг Петровиќ

Руски канали: Завршено опкружувањето на Орихив, падот на градот е „прашање на денови“

(ВИДЕО) Нова руска воздушна офанзива врз Киев: Има повредени, активирани сирените за опасност

Предраг Петровиќ

Зеленски призна: Складиште со муниција било во близина на станбените објекти

(ВИДЕО) Експлозии и пожари од двете страни: Загинати кај Киев, погодени магацини во Ростовската област

ВИДЕО: Дронови ја нападнаа Москва

Катерина Ѓуровски