Амбасадорот на Италија, Кристијани во посета на штипскиот универзитет

Од:

Амбасадорот на Италија во Република Македонија, Фабио Кристијани денеска оствари средба со ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип, Саша Митрев и ја посети кадерата за италијански јазик на Филолошкиот факултет.

Според амбасадорот Кристијани на Филолошкиот факултет каде што има катедра за италијански јазик од страна на студентите од регионот има голем интерес за изучување на италијанскиот јазик. Во таа насока, подвлече, сакаме да започнеме една длабока саробатка со универзитетот „Гоце Делчев“.

Интересот за италијанскиот во овој регион е не само заради миграцијата на луѓето од овој регион во Италија, туку и заради тоа што италијанскиот јазик дава и културна врска меѓу двата народа, вели Кристијани.

Ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, посочи дека воспоставувањето на врските и средбите со италијанскиот амбасадор одат и во прилог на веќе воспоставените соработки за размена на студенти и на професори преку Еразмус програмата.

– Потпишавме договори за соработка со два универзитети од Италија, со што нашите студенти и професори ќе заминат таму, а е финансиран преку Европската унија, рече Митрев.

Амабасадорот на Италија, Кристијани и ректорот на УГД, Митрев најавија дека во текот на оваа година ќе се одржи и Недела на италијанскиот филм.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска