Амбасадорот на Италија, Кристијани го посети ОУ „Браќа Миладиновци“ во Куманово

Од:

Амбасадорот на Италија во Република Македонија, Фабио Кристијани денеска го посети кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“, во кое се поголема е бројката на ученици кои го изучуваат италијанскиот јазик.

– Дојдовме со јасна цел да им се заблагодариме на наставниците и надлежните од училиштето за заложбата за изучување на италијанскиот јазик. За нас е извонредно што 300 ученици го изучуваат јазикот. Знаеме дека се изучува и во други македонски градови, но оваа бројка што ја слушнавме конкретно за Куманово е особено значајна и сакаме да дадеме понтамошна поддршка и да ги увериме во нашата понтамошна заложба за изучување на италијанскиот јазик, изјави амбасадорот Фабио Кристијани, додавајќи дека имаат одлична соработка со Министретвото за образование и наука.

Директорката на училиштето Марина Манојловска објасни дека „Браќа Миладиновци“ е едно од првите училишта кое го воведе италијанскиот јазик како втор странски.

– Во училиштето италијанскиот се изучува како втор странски јазик покрај францускиот во четирите генерации. Соработката со амбасадата на Италија е од поодамна и е на одлично ниво. Имавме помош при збратимување со училиште од градот Бриндизи, Италија кое се реализираше пред две години, вели професорката по италијански јазик Елизабета Костадиновска Костиќ.
Од оваа година стартуваа интензивни обуки за наставниците по италијански јазик.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска